МФ: Еврообврзницата се издава согласно Законот за јавен долг

Од:

Министерството за финансии попладнево преку соопштение реагираше на денешните обвинувања од СДСМ дека со издавањето на еврообврзницата ќе се надмине износот од пет милијарди евра или 54 проценти од БДП.

Во реакцијата се посочува дека еврообврзницата се издава согласно Законот за јавен долг во кој се наведува дека државни хартии од вредност во име на државата издава Министерството за финансии врз основа на одлука на Влада.

– Еврообврзницата се издава во согласност со Законот за јавен долг, член 18 став 5 кој гласи: „Државни хартии од вредност во име на РМ на меѓународен пазар ги издава Министерството за финансии врз основа на одлука на Влада на РМ со која се утврдува максималниот износ на ново задолжување преку Државната комисија за хартии од вредност, се наведува во реакцијата од Министерството за финансии.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски

Вработени во МФ бараат исплата на додатокот на плата од 30 отсто

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски

МФ: Новата ПЕР 2024-2026 усвоена од Владата, поставена основа за нашата Реформска агенда за Планот за раст на Западен Балкан

Не смее да се вработува освен за испразнето место, но фалат луѓе во администрација вели Бесими

Анита Петровска Рајковиќ

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација