За Јанкулоска и „Тврдина“ сепак ќе одлучува судијката Поп-Стефанија

Од:

Апелацискиот суд Скопје ја одбил жалбата на Специјалното јавно обвинителство и не го прифати барањето за изземање на судијката Александра Поп-Стефанија од случајот „Тврдина“, соопштија денеска од судот.

Второстепениот суд ја одбил жалбата на СЈО како неоснована и ја потврдил одлуката на Основниот суд Скопје 1.

„Постапувајќи по жалба на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО) против решение на претседателот на Кривичниот суд, Апелацискиот суд Скопје денеска достави решение со кое жалбата на СЈО се одбива како неоснована, а решението на првостепениот суд за неприфаќање на барањето за изземање на судија на претходна постапка се потврдува“, стои во соопштението на судот.

СЈО побара изземање на судијката Поп-Стефанија на 23 јуни, додека траеше сослушувањето на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која е една од осомничените во случајот „Тврдина“.

Четири дена подоцна Кривичниот суд соопшти дека барањето се одбива, а одлуката, ја донел заменик-претседателот на судот Ивица Стефановски, бидејќи претседателот на Кривичниот суд Владимир Панчевски бил на одмор.

Специјалното обвинителство бараше изземање на судијката токму во случајот со Јанкулоска бидејќи поранешната министерка се води како вработена во владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, а вработен во разгранокот на владејачката партија во Неготино е и сопругот на Поп-Стефанија.

Барањето за изземање на судијката, исто така, следуваше откако судијката ги отфрли барањата на СЈО за притвор и за мерки на претпазливост за Горан Грујовски, Гордана Јанкулоска и за другите тројца осомничени и ја оспори надлежноста на Специјалното обвинителство за случајот „Тврдина“.
СДСМ поднесе Кривична пријава против судијката Александра Поп Стефанија.

Одлуката на Поп Стефанија, да се прогласи СЈО ненадлежно околу случајот за уништување на опремата за незаконското прислушување е спротивна на законот, изјавија од СДСМ.

Според опозицијата, Поп Стефанија е незаконски назначена во Одделот за организиран криминал, спротивно на одлуката на Судскиот совет да суди во Одделот за прекршоци, спротивна на Законот за судовите и Правилникот за работа на судот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ексклузивно: Сопругот на Јанкулоска зборува за жолтите комбиња, понудите за спас, кој ѝ нарачал прислушување

Кристијан Ландов

Јанкулоска до Мијалков во 2013: ДУИ забележаа и им пречи што даваме државјанства на луѓе во Кичево

Наум Локоски

Гордана Јанкуловска го покажа својот син, облечен во дрес од Ливерпул

Наум Локоски

Дескоска: Официјално не е пристигната пресудата на грчкиот Врховен суд за Грујевски и Бошковски

Ана Ололовска

Јанкулоска: Не можам да се оптоварувам со ефикасноста на судството, најважно ми е здравјето на детето

Наум Локоски

Грујевски и Бошковски нема да бидат екстрадирани во Македонија, одлучи грчкиот Врховен суд

Ана Ололовска