(ВИДЕО) Анима Мунди: Ова ли е хуманиот третман кој го ветувате?

Од:

Скандалозна е бруталноста, нехуманоста на стационар Вардариште, дрскоста што и понатаму продолжува – без трошка чувство за одговорност, совест или срам, да мачат и убиваат бездомни кучиња. Главни надлежни се градот Скопје, градоначалникот Трајановски; ЈП Комунална хигиена, ветеринарната амбуланта Автокоманда, Агенција за храна и ветерина како тело кое илјада пати доби пријави, имало прилика да интервенира, го казни и запре ова лудило. Сите се прават ненадлежни, глуви и слепи, реагираат од Анима Мунди кои доставувија фотографии за да се види како што велат, што се прави во Вардариште, во каква состојба се доведуваат кучињата и како умираат.

-Малите кучиња извадени од стационар, кои може да ги видите на сликите беа доведени во таква состојба што им немало спас, веќе се мртви, реагираат од Здружението.

-На видеото може да се види како во 21 век се заловува мирна кучка (мајка доилка), дивјачки влечена со давилник, пред нејзините кутриња кои преплашено цвилат и лаат – на крај се вратиле и ги земале и нив, сега умираат во Вардариште. Посочуваме – начинот на ловење е дури и нежен зошто лицата знаат дека се снимани. Потсетуваме, ваквите кучиња не можат да се стерилизираат, туку се носат во Вардариште само со една цел, за да умрат!

Иако имавме протест, реакции добивме само од АХВ кои уште не залажуваат со некаква најава за состанок.

Доколку итно не се запре оваа дивеење, доколку итно не се запре со ловењто на мали кучиња и кучки со кученца, доколку итно не се овозможи влез на активисти и граѓани како надзорно тело на институција чие функционирање го плаќаме ние, со наши пари, повторно ќе протестираме и покренеме иницијатива за санкции на Македонија и бојкот во секоја смисла, бидејќи е раководена од примитивци и насилници и претставува мачилиште за животните, соопштувааѕ од Анима Мунди.

Би можело да ве интересира

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

„Анима Мунди“ ги повикува пратениците да ги поддржат измените на Законот за заштита и безбедност на животните

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он

ВИДЕО: Продолжува суровоста во Македонија-куче фрлено од седми кат

Предраг Петровиќ

Анима Мунди: Итно да запре убивањето кучиња во ЈП Лана, Струмица и да се овозможи непречен влез на активистите

„Кучиња се дават во крв додека некој се радува на победа“: Помеѓу Охрид и Струга изграден ринг за борби

A1on