Делегати од Албанија ќе пристигне во Битола на денот на албанското знаме и стогодишнината од независноста на Албанија.
Во репортажата на албанската телевизија „Топ ченл“ се вели дека многу време помина од тогаш кога Битола се викаше Монастири и кога Албанците биле побројни, објави битолската телевизија „Тера“.
– Ќе дојдат во зградата каде се одржал конгресот, сега можеби не толку голема, но со ист дух и со иста страст ќе се даде јасна порака од албанскиот народ, се наведува во документарната репортажа на неделникот „Напред Албанија“.
Тие се момчиња Албанци од Приштина, Скопје, Дебар, Тирана, Валона, Скадар, Драч, Елбасан и многу други градови,кои што претставуваат десетици групи кои не биле во можност да учествуваат на конгресот во Битола пред 104 години.
Групата која сака да дојде во Битола за себе, се вели во репортажата тврдат дека не припаѓаат на ниту една политичка група, туку дека припаѓаат со душата и срцето на достоинството на Албанците каде и да живеат или работат.
Говорниците во репортажата ги повикуваат и политичарите од Скопје да посетат внимание на Албанците во Битола, а не само да ја користат својата позиција, а друг пак зборува за тоа дека не смее да се заборави дека сите тие се под чадорот наречен „Мајка Албанија. Репортажата е емитувана на 12-ти овој месец, а во неа има и дел од потпишување на петиција за поголеми права на Албанците во Битола.