Гетлин истрча најдобро на 100 метри време оваа сезона

Од:

Американскиот спринтер Џастин Гетлин обезбеди учество на Олимписките игри во Рио истрчувајќи 9.80 секунди на 100 метри на американските квалификации за Олимпијадата одржани во Јуџин, Орегон.

Тој третото учество на Олимписките игри го обезбеди победувајќи во квалификациската трка пред Трејвон Бромел (9.84) и Марвин Брејси (9.98).

Овие тројца американски спринтери во Рио ќе се обидат да го победат Усеин Болт од Јамајка кој важи за главен фаворит за златото.

Сепак, Болт има проблеми со повреди, додека формата на Гетлин е во нагорна линија.

Гетлин има олимписко злато од Атина во 2004 година, а потоа четири години беше суспендиран поради допинг. Минатата Олимпијада, во Лондон 2012 година на патека од 100 метри го освои бронзениот медал.

Би можело да ве интересира

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“

Срамно однесување на италијанскиот спортист: Го престигна Германецот и го понижуваше

Предраг Петровиќ

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

СП атлетика: Злато за Ворхолм, Кер, Паулино, Мун и Кенеди