Бачев започнува постапка за референдум за членството на Македонија во Европската Унија

Од:

На денешната прес конференција НДМ ја најавува Иницијативата за распишување на референдум за консултирање на народот за членството на Македонија во ЕУ. Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните дава можност за претходно консултирање на народот за прашања од пошироко значење за Републиката преку распишување на т.н. консултативен референдум на државно ниво, рече претседателот на НДМ, Јанко Бачев.

„Иницијативата на НДМ за распишување на референдум опфаќа две фази. Првата фаза е Иницијатива на НДМ до Собранието самото тоа да распише референдумот по сопствена иницијатива според член 20 од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните. Затоа, по седницата на Централниот комитет на партијата, во сабота, 2 јули, веќе во понеделник, 4 јули, НДМ ќе поднесе Иницијатива со образложение до Собранието да распише референдум по сопствена иницијатива.

Земајќи предвид дека од денот на објавувањето на одлуката за распишување на референдум до денот на одржувањето не можат да поминат помалку од 60 ниту повеќе од 90 дена, останува да видиме дали Собранието ќе дејстува во овие законски рокови. Меѓутоа, доколку Собранието не распише референдум по сопствена иницијатива, по 90 дена ќе следи втора фаза за собирање на 150.000 потписи. Поточно, НДМ ќе ја искористи втората можност од член 20 од Законот преку граѓанска иницијатива на државно ниво за распишување на референдум која се смета за покрената ако најмалку 150.000 граѓани со свои потписи ја поддржале иницијативата. Во таков случај, Собранието е должно да распише референдум.

Во моментов имаме нова реалност со напуштањето на Унијата од Велика Британија. Од друга страна, по прогласувањето на независноста во 1991 година, Република Македонија го истакна членството во Европската Унија како нејзин стратешки интерес. Дополнително, на 22 март 2004 година, во Даблин, Република Ирска, Владата на Република Македонија поднесе барање за членство во Европската Унија. Исто така, не е спорно дека прашањето за членство во ЕУ е прашање од пошироко значење за Република Македонија.

Затоа, НДМ смета дека е созреан моментот народот да ја оцени како исправна или неисправна ориентацијата на политичките елити Македонија да стане членка на ЕУ. Иднината на земјата не смее да биде прашање само за тесните политички елити. Народот мора да биде сигурен дека иднината на земјата зависи од неговата волја. Затоа, резултатот од референдумот мора да го видиме и тој мора да се почитува оти тоа е волјата на народот. Со еден збор, Македонија мора да добие шанса да се изјасни за членство во ЕУ“, смета Бачев.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Партиите продолжуваат со кампањата, уште една недела до изборите

А1он

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески