(ВИДЕО) Локвенец: Митко Чавков не може да биде носител на реформите на безбедносниот систем во МВР

Од:

Денеска, Министерството за внатрешни работи направи промоција на проект за сеопфатна реформа на системот за национална безбедност.

Ова е признание од МВР дека навистина има потреба за реформа на безбедносниот систем којшто токму оваа власт целоно го сруши.

Со понудениот концепт, се предлага носител на процесот да биде сегашниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков.

Ова е целосно неприфатливо.

Не може носител на реформски процес да биде некој кој 10 години правел злоупотреби на безбедносниот систем за лични и партиски интереси на врвот на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ смета дека е нужна реформа на срушениот безбедносен систем но во сосема други околностии со други личности, кажа Хари Локвенец, пратеник и претседател на Комисијата за надзор над работата на УБК и Агенцијата за разузнавање.

Би можело да ве интересира

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје

(ВИДЕО) За да се избегнат грешки при испраќање на казните од „Безбеден град“, возачите ќе добиваат код

МВР: Лажна е дојавата за поставени бомби во трговски центар во Скопје

А1он

МВР: Уапсени се повеќе лица дел од нив доктори на клиники и сопственици на дерматолошки ординации

Акција против нелегални медицински третмани: Полицијата во повеќе здравствени институции прави контроли

Горан Наумовски

МВР: Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица

А1он