Вечерва, во Кино Култура со почеток во 20 часот, ќе се одржи дебата на тема „Пропаганда – новиот јазик на медиумскиот спектакл“. Дебатата е последна од циклусот дебати „Про-книжи го умот“ на новинарката Ана Јовковска, Делегацијата на Европската Унија и ЕУ Инфо центарот во Скопје.
-Суштината на доброто новинарство е совеста. Веќе не зборуваме за да кажеме нешто, туку за да постигнеме одреден ефект. Сите сме еднакви, но некои од нас се поеднакви. Ова се само мал дел од предупредувањата на извонредните автори Џорџ Орвел и Олдоус Хаксли од нивните култни книжевни дела „Животинска фарма“, „1984“, „Храбриот нов свет“, „Остров“ и други, а кои се тема на обработка на последниот настан од циклусот дебати на проектот „Про-книжи го умот“, вели Ана Јовковска и додава дека овој пат како изнендување за последната дебата од овој циклус, говорниците на темата ќе ги открие вечерва на лице место.
По дискусијата, во која активно ќе учество и публиката, следува дружба во духот на европските култури и традиции, со дегустација на англиски торти и пијалоци според потеклото на авторите во фокус, Орвел и Хаксли.