Најголемата фудбалска ѕвезда на Шведска, Златан Ибрахимовиќ, по завршувањето на Европското првенство веќе нема да игра за репрезентацијата.
– Пензија? Да, последниот мој натпревар на ЕУРО 2016 ќе значи крај на настапите во националниот дрес. Горд сум што бев капитен и кај и да одам ќе ја носам Шведска во срцето, изјави Ибрахимовиќ.
Тој се осврна и на шансите на неговата репрезентација во пресрет на денешното последно коло од групната фаза.
– Имаме шанса и ќе направиме се да остане на турнирот. Белгија има силен состав, важи за еден од фаворитите на турнирот но и ние си имаме свои амбиции. Јас не игра во посакуваната форма на првите две средби, ама ако добијам малку повеќе простор против Белгија, тогаш ќе биде подобро. Точно е и тоа дека се уште немаме создадено вистинска шанса за гол, но ако упатиме удар во рамките на голот на Белгијците, ќе погодиме. Ќе имаме повеќе шанси во однос на средбата со Италија. Во тоа сум убеден, истакна популарниот „Ибра“.
Натпреварот Шведска – Белгија ќе почне вечерва од 21 часот на „Стад де Ница“ во Ница и е во рамките на 3.коло од Е-групата