Лидерот на СДСМ Зоран Заев се приклучи на протестот на Шарената Револуција.
„Ние не простуваме! Ние не дозволуваме преговори за нашата иднина и иднината на нашите деца водени зад затворени врати! Лути сме и гневни на политичките елити што предолго нè држат во статус кво со неуспешни и нетранспарентни преговори без учество на граѓаните! Доста ни е од преговори во кои ние сме нем и пасивен набљудувач! Нашиот глас мора да биде слушнат и од власта, и од опозицијата! И ќе биде слушнат! Ако не во таа мала соба за преговори, ќе нè слушаат од улиците и плоштадите на оваа држава!“, стои во повикот од Протестирам за вечерашниот протест.