ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се обидува да се меша во судската власт

Од:

СДСМ, партија раководена од аболициран криминалец, повторно се обидува да воспостави тотална контрола врз судскиот систем во државата. За СДСМ ова не е ништо ново, туку партиска стратегија. СДСМ сака да се врати времето кога по налог на Бранко Црвенковски и Ленче Софрониеска за 15 минути беа избрани 617 судии и стотина обвинители, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по прес-конференцијата на порптаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

„СДСМ е раководен од аболицираниот криминалец Зоран Заев кој дава срамни изјави дека не го признава судството.

Затоа и СДСМ не ја почитува уставната поделба на власта во државата, не ја почитува независноста на судската власт, врши притисоци врз судовите и атакува по професионалноста и дигнитетот на судиите секогаш кога некоја нивна одлука не им се допаѓа.

Хајките на СДСМ кон правосудниот систем имаат за цел да се врши најгруб притисок невиден во било која демократска земја. Тоа е во кодот на СДСМ, тоа е нивниот начин на размислување и делување.

Преку своите општински комитети СДСМ се закануваше дека ќе го запали Уставниот суд ако не им ги исполни ултиматумите. Преку своите невладини пајташи СДСМ на уставните судии им порача дека за уши ќе ги вади од Уставниот суд и дека на клоци ќе ги избрка, ако не судат по нарачките на СДСМ.

Денес преку Петре Шилегов, СДСМ уште еднаш се обидува срамно да се меша во судската власт, исто како што сака да воспостави тотална контрола преку цензура во медиумската сфера.

Граѓаните на Македонија одамна кажаа што мислат за ваквото тоталитарно однесување на СДСМ и нивните идеолошки ментори од минатото.

Кога и да е денот кога СДСМ ќе собере храброст да се појави на избори, граѓаните уште еднаш, 10-ти пат по ред ќе ги казнат СДСМ за ваквите постапки од кои се срами секој жител на Република Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски