Жалам што Македонија од моите соништа, од соништата на ВМРО, од времето кога пред 26 години го обновивме ВМРО преку ДПМНЕ не се остварија, знаеме дека денес Македонија е во тешка криза, во економска, најмногу од се во тешка морална криза.
Знаеме дека денеска Македонија е поделена, дека она што беше македонско национално единство денес не е и затоа ја формиравме Обединети за Македонија пред 7 години, за да покажеме дека имаме сила и имаме завет да го оствариме она што е зацртано во вмровската идеологоија, а тоа е македонското обединување, на граѓаните на Република Македонија, на Македонците и неслучајно излеговме со партијата ОМ, рече во Битола лидерот на партијата, Љубе Бошкоски, при посета на штабот.
– Јас верувам дека она што е наш зацртан пат, иако многу трновит, иако веќе 7 години се бориме за да испрофилираме една нова политичка свест во Македонија, да престанеме да се делиме на патриоти и предавници, тоа е денеска се уште актуелно, актуелно во секој сегмент на нашето живеење. Ние нема да гледаме што тие пред нас, или овие зад нас не направиле, наша задача е да продложиме каде што треба да продолжиме, а тоа е да понудиме вистинска програма на Македонија со која ќе ја извлечеме државата од оваа криза. Јас верувам дека Македонија од моите соништа ќе стане Македонија од нашата реалност, рече Бошкоски.