Столтенберг: Русија повторно го прекршува договорот за примирје во Украина

Од:

Русија продолжува со непочитување на меѓународниот договор за прекин на огнот во Украина, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Тој, исто така, упати критики за руската контрола на борбената готовност, нагласувајќи дека „ја поткопуваат стабилноста“.

– Прекинот на огнот повторно се прекршува, поради тоа сме многу загрижени, нагласи Столтенберг на прес-конференција.

Генералниот секретар на НАТО додаде дека „Русија ги поддржува сепаратистите со опрема, оружје и свои трупи, распоредени долж границата“.

Лидерите на ЕУ овој месец треба да донесат одлука дали ќе ги продолжат санкциите за Русија, воведени како мерка за воспоставување мир во Украина.

Би можело да ве интересира

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата