Кристијано Роналдо не можеше да верува дека Португалија ја испушти победата во првото коло од ЕП против тотални аутсајдери, дебитантите од Исланд, со кои 1:1.
-Ова нервира. Се трудевме многу, да победиме, а Исланд.. Исланд ништо не се обиде. Дадоа гол, имаа две шанси за 90 минути, и сето останато време се бранеа. Паркираа автобус помеѓу стативите, и не е лесно да се игра против такви екипи. Португалија играше фудбал, рече Роналдо.
Тој истакна дека нема простор за поголема загриженост со оглед дека и другите репрезентации имале потешкотии на почетокот на турнирот во Франција.
-Погледнете ги шпанците, или Французите. Тие се меѓу најјакитена шампионатот, а имаа проблеми да дојдат до победа. Така што..нас не ни е лесни сега, но сме самоуверени. Сигурни сме дека ќе победиме во следниот меч против Австрија, тврди Роналдо.