Туфегчиќ: Никој во Студентскиот парламент нема да го употреби мозокот кога ќе гласа за ректор – наредено им е кого да заокружат

Од:

Од пријавените шест кандидати за нов ректор на УКИМ, утре ќе се изберат двајца кои ќе ја проджат трката за оваа позиција.

– Новиот ректор на УКИМ ќе има сериозни предизвици на својата функција. Најсериозниот, ќе биде заштитата на автономијата на универзитетот, таа е урната од страна на власта, власта упаѓа кога сака, а за тоа своја вина има и ректорот и ректорската управа и Сенатот, а Кирил Спировски со неговиот нелегален Парламент се обидува на 30. јуни да фалсификува студентски избори, со цел да стекне легитимитет на студентските претставници за да може да се избере ректор, коментира Ивана Туфегџиќ, активистка во Студентскиот пленум.

Како што тврди Студентскиот пленум, на претседателот на Студентскиот парламент му е истечен мандатот уште од пред две години. Противзаконски, односно против статутот, тој го продолжил мандадот.

Кирил Спировски, пак, тврди дека е тој в.д. претседател на Парламентот, по барање на студентите.

– Записник за тоа кои студенти барале или барањето од студентите не е доставено до јавноста. Инаку, Студентскот парламент е една обична невладина организација, која се регулира со Законот за здруженија и фондации, но проблемот настанува во оној момент кога во Законот за високо образование, Парламентот е предвиден како претставник на студентите. Статутот на УКИМ единствено на Студентскиот парламент му дава шанса да ги претставува студентите, но она што е нејасно е како Сенатот или Ректоратот не интервенирале во моментот кога Студентскот парламент се регистрирал како невладина организација, бидејќи тука има судир на различни акти – Законот за здруженија на граѓани, Законот за високо образование и Статутот на УКИМ, вели Туфегџиќ.

Спировски распишал избори на 10 јуни, со рок за одржување на 30 јуни, при што не биле информирни сите матични факултети.

Според Студентскиот пленум, Спировски со неговиот нелегален Парламент се обидува на 30. јуни да фалсификува студентски избори.

– Тој проблем со Студентскиот парламент е истакнуван безброј пати, не сум сигурна колку пати е разговарано со Ректорот, со претставници на ректорската управа, со сенаторите, но тој проблем остана заташкан. Сега, ова може да предизвика буквално да пропадне изборот за ректор. Затоа што без студентите законски не може да се избере раководно лице, од нив доаѓаат 10 гласа, од вкупно 68. А од друга страна тие се нелегитимни и нелегални, вели Туфегџиќ

Професори што ги следат случувањата, за А1 он велат дека единствената улога на Студентскиот парламент е да гласа за одреден кандидат и тие од претходно знаат за кого треба да гласаат.

– Тоа не е ново. И Студентскиот пленум и јас лично кажувавме дека тоа е една високо партиски избарана структура во Студентскиот парламент и верувам дека никој од нив нема да го употреби својот мозок за да заокружува, туку како и секогаш, ќе им биде наредено за кого треба да гласаат. Нелегитимни и нелегални претставници на студентите ќе им ја одлучат судбината и на професорите и на студентите за наредните 4 години. Ректорот на Универзитетот има сериозни надлежности и тој ќе ја одлучува судбината на УКИМ. Да беа тие легални и легитимни тогаш, веројатно, не би дозволиле некој да им кажува како да гласаат, вели Туфегџиќ.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Избор на ректор на УКИМ, во избирачкиот список запишани 1419 гласачи

Ана Ололовска

Независниот академски синдикат бара да се повтори изборот на ректор на УКИМ

Жарко Настоски

Никола Јанкуловски реизбран за ректор на УКИМ

А1он

Професорите Димитриевски, Атанасов и Живковиќ ги бојкотираат утрешните избори за ректор на УКИМ

А1он

НАкС со нова претставка до ДПИ бара прекинување на постапката за избор на ректор

А1он

Обвинителството ја отфрли пријавата на антикорупциска против ректорот на УКИМ

Мери Јордановска