Не розови очила, туку двогледи за да видите што му сторивте на народот

Од:

Грција, омилена дестинација на нашиот народ, ем ти е блиску, ем убаво е морето се е како што треба, цените се горе доле слични како тука а, бе убавини.

Поготово им се восхитувам на луѓе кои можат да и директно од таму работаат, интернетот е чудо на оваа наша цивилизација, се сончаш и тераш бизнис, се сончаш и пишуваш деманти или даваш интервјуа, прекрасно нешто. Ем очила носиш, дали розеви или оние за заварување битно е видувањето и гледањето на работите, ама барем да е реално нели?

Значи дека нашите раководни органи се мултитаскинг и се оваа што го спроведуваат во еден момент може да ни позавидат дури и Јапонците , а бе врв сме, на пример не знам зашто не сакаат да гледаат низ нивните наочари како што треба нели има наочари за корегирање на расипан вид, наочари за сонце ама изгледа дека ДРПМНЕ измисли и наочари со кои гледаш се во виртуална реалност ама преубава виртуелна реалност, мед и млеко, секоја чест дај и Нобелова награда да им се додели да земат уште нешто тро паричка греота е за таква инвентивност да не се наградени, а и сиротите тие немаат, а бе мизерија на нашава моментална мизерија, пародија на нашата мака и невоља.

Шест години е министер за здравство, сам во сите нарачани медиумски писанија и фото сесии и филмувани бурлески , се нешто објаснува што е направено ама дури и сам признава дека не може да го оправи до крај здравството, нели Тодороф ти беше еден и единствен кој направил бум во здравствените реформи? Каде е бумот? Во распаднатите ѕидови и руинирани установи? Цело време си сконцентриран да кажеш колкав градител си бил на болничките установи, небаре си од градежен факултет, а не правник , ама околу правните работи па немаш ни допирна точка или пак да се дообјасниме, ти и твојот лидер најдовте непресушен извор на правење пари ?

Ти наочари не носиш, а навистина треба двоглед да носиш пошто не довидувате баш најарно, ни ти ниту твојот имењак, народот, пациентите се доведени до здравствен колапс, а ти се фалиш со капитални инвестиции во здравството, пишувате деманти, а народот нема основни работи за лекување , инсулините џабе е да ги збориме бидејќи ти знаеш како и кој ги добива тендерите и дали воопшто има инсулин или нема, а после се некој друг ти е виновен поради инсулинската криза.

Паралелните увози ќе се изјасниш ли еднаш на кој му ги доделувате ? Објасни дали на тебе укажувањата кои биле за тебе тендециозни ги разбираш или па не ни сакаш да ги примиш во својата глава, почнавте дури и опозициските програми да ги копирате и крадете за да пробате да колку толку пак популистички се поправите, но Тодороф, да не случајно ти требаат уште 50 години на тебе за да го оправиш здравството или пак и тоа е малку? Штипската болница ја зборуваш и повторуваш како ара папагал дека ќе била врв болница а каде ти е новиот клинички центар во Скопје го заборави? Дадовте ти и твоите полтрони толку мизерни деманти дека небаре ништо не е точно тоа што беше изнесено деновиве за сите нови и се потешки здравствени дебакли, нова кражба и на лекарите и на народот за здравствените картички сакаш да кажеш дека не е точна ? Нови скоро 8 милиони евра олеснет народ , секоја чест. Знам дека твојот лидер стана и експерт за краварство и за што ли уште не , но од кога стана експерт и за модерна медицина и апаратура? До кога ќе ги деградираш сервилните доктори кои станаа ругло за нашата фела ќе ги исправаш да рапортираат на политички лидер ? Дали тие еднашка ќе сватат и ќе се погледнат во огледало и речат аман кај ми отиде умот до кога ќе изигрувам глуп август ? Што разбира овој двојкаш пред мене од медицина и лекување?

Ама душички ,утре нивните поколенија ќе се срамат од постапките нивни а народот памети амнестија нема да има за никого а фала богу ни амнезија за сите сторени зулуми до сега. Тодороф до кога ќе правите равенство ти и твојот лидер помеѓу државата и партијата , па не ви се тие луѓе бре слуги вам , дали со парите на партијата се купени модерните апарати или со парите на народот и даночните обврзници ?Иако рзбирам дека се борите да се спасите од апсана, маркетиншки и популистички трикови користите премногу ама ова веќе личи на една невидена перверзија.Твојот лидер ќе ви стави оглав на сите вас и тоа наскоро, но како експерт за краварство , политика , продажба , плацеви а сеа и медицина гледам дека го бива , само вас ве направи малоумници за да си ја заштити милата му кожичка која сега му е собрана на шило . Така да инвестирајте во двогледи за да гледате поарно што се му сторивте на народот а и богами за у Грција не розови туку наочари за заварување земи за да не си го дооштетиш и онака нарушениот вид оти јако е сонцето.

Ангеллчо Андоновски

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска