СДСМ: Ќе им посака ли „Курир“ пријатен престој во Грција на Тодоров и Коневски?

Од:

Медиумските курири на Никола Груевски се уште не им посакале пријатен прстој во Грција на министерот Никола Тодоров и градоначалникот Ивица Коневски од ВМРО-ДПМНЕ. После бројките медиумски хајки што ги водеа граѓаните прашуваат ќе им посака ли „Курир“ пријатен престој на плажите во Грција на Тодоров и Коневски, прашуваат од СДСМ.

„Молчат медиумските курири, платени со милионски суми, пари на граѓаните. Фатени се во тесно како лажат и манипулираат во заштита на Никола Груевски.

Уште еднаш се потврди дека лажниот патриотизам, медиумските хајки против претставниците на опозицијата и ширењето лаги се параван на криминалните активности на Никола Груевски и ништо повеќе.

Едно треба да биде јасно.

Ништо нема да го спаси Никола Груевски од одговорност.

Најмалку лагите и медиумските хајки што ги водат куририте против борците за демократија, невладините организации и граѓаните.

Правда ќе има, секој што го прекршил законот ќе одговара.

Нема спас за Никола Груевски и неговото криминално друштво“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

Во Атина уапсен маж кој планираше со бомба да убие екс обвинител

А1он

(ВИДЕО) Фрчкоски: Мицкоски ја труе Македонија – СДСМ бара 5 милиони евра од прославата со пејачи да се пренаменат за чиста вода

А1он

Српски туристи казнети со 150 евра во Грција – двете деца врзани со појас, третото не

А1он

СДСМ: Загадена вода во шест населени места – без одговорност и кривични пријави

А1он