(ВИДЕО) Куновски: Груевски да објасни како се заштедуваат 120 илјади евра со годишни примања од 15 илјади евра

Од:

Да се заблагодарам на раководството на партијата во стечај, ДПМНЕ, бидејќи ни направија голем маркетинг и ни помогнаа да стигнеме до каде што сме сега. Под број би се заблагодарил на обвинителството кое даде школски пример што се двојни стандарди, меѓутоа е и разбивач на митови, бидејќи понуди докази во кои што се гледа напад на службените лица, поточно на старешини на ЕБР, меѓутоа досега нема ниту една кривична постапка за напад врз службено лице, рече Владимир Куновски по судењето.

– Како партија сакаме да искажеме дека има безбедносна криза во Македонија, од причина што државните безбедносни органи се користат за лични интерси, не за државни. Само како илустрација би навел дека при нашето приведување беа присутни до 12 припадници на алфите и во првите денови од нашето приведување изборив до 17 различни униформирани полицајци кои дојдоа на домашна адреса, претпоставувам и кај колегата Савевски исто, меѓутоа од друга страна на провладините медиуми викаа дека е тоа криза произлезена од странските разузнавачки служби, меѓутоа според нашите информации, тоа е македонски револт кон режимот, рече Куновски.

Тој го повика движењето ГДОМ да направи митинг за поддршка на обвинтетите, кои според него се најголемите патриоти во Македонија, во што целосно би помогнала партијата Левица.

– Да не дозволиме најголемите патриоти во Македонија да се исплашат од еден Суд во Македонија на кој што му е наденаа придавката Сваровски и да ги потсетиме најголемите патриоти кои се обвинети дека ова не е отомански суд, ниту суд на Кралска Југославија, ниту на Царска Бугарија, ниту пак на комунистичка Македонија, туку е суд во кој што последните десет години е на власт најпатриотската партија, односно фирма на Македонија, Куновски.

Би го повикале поранешниот премиер Груевски, бидејќи се разбира човекот во се, се гледа разрешницата на политичката криза во Македонија, меѓутоа, тлее економска криза, и во стилот на обраќањето на лекарите да се обрати на бизнисмените, меѓутоа тоа да го направи пред УЈП и наместо десет крави да има десет директори на УЈП каде што ќе објасни како за една година се прави заштеда од 120 илјади евра со годишен прилив од 15 илјади евра. Цела нација е во очекување на неговиот говор од ова место по првото рочиште кое што најверојатно ќе биде за судските реформи, рече Куновски.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јовановска: На народот му врие, преку глава му е од овие политички препукувања

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

(ВИДЕО) Мециновиќ: Народот заслужува одговори – ДПМНЕ му сервира пцости и насилство

Баџанакот на Тошковски “победи” студент на генерација и стана доцент обвинува Левица

Мециновиќ: Мицкоски излажа за Чебрен и продолжува со приватните интереси

Левица: Шумите изгореа, а власта го крати буџетот