Го ограбиле на бензинска пумпа, му украле над 7 илјади евра

Од:

Т.Т. (71) од Валандово утринава во 3:10 часот во Полициската станица од општа надлежност Куманово пријавил дека во 2:20 часот непознати сторители извршиле кражба од неговиот автомобил на бензинска пумпа лоцирана на автопатот Табановце – Куманово.

Како што информира МВР, откако Т.Т. наполнил гориво се паркирал на паркингот од бензинската пумпа и застанал до совозачката врата од неговото патничко моторно возило „Мерцедес“ со германски регистарски ознаки. Во еден момент до него дошло непознато лице и започнало разговор со него. Притоа, друго непознато лице го искористило неговото невнимание, ја отворило возачката врата и од просторот пред совозачкото седиште одзел црна женска чанта во која имало 7.000 евра, 7.000 денари 15.500 српски динари, две македонски патни исправи, две книшки од банка, два мобилни телефони, златен накит и други предмети.

СВР Куманово презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на сучајот.

Би можело да ве интересира

Измамници ограбиле родители на болно момче кое требало да се лекува во странство

Горан Наумовски

60-годишен кумановец загина од експлозија на плинска боца

Сашо Стошевски e нов директор на општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Таравари го разреши директорот на Кумановската болница

Експертски тим ќе утврдува од што почина 32-годишниот кумановец Ведат Адеми

А1он

Приведен сопственик на ноќен клуб од Куманово, пронајдени се пиротехнички средства

А1он