Ема Пауер и нејзиниот сопруг Џон се горди родители на два пара идентични близнаци, а шансите за тоа се 170.000:1!
Пред шест години тие ги добиле Кајл и Конор, идентични момчиња. Откако почнале да планираат и трето дете, наишле на едно пријатно и необично изненадување.
Откако отишла на преглед, докторот и соопштил дека повторно очекува идентични близнаци. Сите биле изненадени, затоа што шансите тоа да се случи се 170.000:1!
-Кога се јавив да му кажам на Џон, тој не ми веруваше. Морав да одам кај него на работа за да му ги покажам сликите од ехото, вели 25-годишната Ема.
По 9 месеци се родиле идентичните близначки Руби и Џесика, кои се трет пар близнаци во семејството на Ема.