А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ги прифаќа условите на СДСМ, но без лицитирање термини

by А1он07/06/2016 - 18:56145
Share0

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во однос на барањата кои во вторник ги изнесе Зоран Заев, лидерот на опозициската СДСМ, порача дека избори се прифатливи во секој термин, но нема да дозволат државата и граѓаните повторно да бидат заложници на ново лицитирање со термини, како што тоа беше случај со 24-ти април и со 5-ти јуни.

Следете a1on на Instagram Instagram

„За ВМРО-ДПМНЕ е прифатливо СДСМ да биде повторно дел од Владата, во насока на подготовка на фер, слободни и демократски избори. Сепак, премногу пати во минатото беше погазен дадениот збор, така што овојпат ќе мора да покажат дека се сериозни во врска со одржувањето на изборите и дека тоа навистина го посакуваат. Во оваа насока меѓу гаранциите кои ќе треба да ги понуди Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е потврда дека избирачкиот список е прочистен и дека во периодот кој следи посветено ќе работат на подигање на довербата во Избирачкиот список, за кој сакаме да нагласиме дека не беше спорен за ВМРО-ДПМНЕ“, рече Никола Попоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Дури откако ќе биде исполнет овој основен услов, како и останатите услови поврзани со одржувањето на изборите, односно откако СДСМ ќе констатира дека се исполнети условите за одржување на фер, слободни и демократски избори, владејачката партија ќе биде подготвена за разговари околу желбата опозициската партија да биде дел од Владата.

„Во однос на останатите услови кои ги побара лидерот на СДСМ, ставот на ВМРО ДПМНЕ е исто така јасен. Секој има право да го изнесе својот став или видување на мирен и демократски начин. Ние тоа право секогаш ќе го штитиме. Но да нема никакви дилеми – Законите треба да важат подеднакво за сите, вклучувајќи ги и оние кои оштетуваат одбележја, палат или вандализираат институции, воедно нанесувајќи огромна материјална штета. Секој што уништувал јавен имот, треба да одговара за несоодветни постапки“, рече Попоски.

Следете a1on на Youtube YouTube
dpmne

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Катерина Ѓуровски27/05/2026 - 12:50

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски25/05/2026 - 12:5925/05/2026 - 12:59

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Катерина Ѓуровски21/05/2026 - 12:15

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт

Катерина Ѓуровски17/05/2026 - 10:57

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски12/05/2026 - 13:5412/05/2026 - 14:39

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”

Катерина Ѓуровски12/05/2026 - 10:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто