Специјалниот германски пратеник Јоханес Хајндл кој престојува во Скопје, на првиот ден од својата дводневна посета сретна со претседателот Ѓорге Иванов, ја поздрави и упати честитки за одлуката од понеделникот на шефот на македонската држава за целосно поништување на одлуките за помилување, кој, пак, од своја страна истакна дека со ослободувањето од гонење без спроведување на постапка за 56 лица се отвори можност за фокусирање кон обврските од договорот од Пржино меѓи челниците на четирите најголеми партии за надминување на длабокат политичка криза во земјата
На средбата претседателот Иванов и амбасадорот Хајндл, кој е личен претставник на министерот за надворешни работи на Германија. разменија мислења за актуелните случувања на политички план во Македонија, како и за можностите и начините за надминување на предизвиците на политичката сцена во земјата.
На средбата претседателот Иванов изрази очекување дека неговата одлука ќе придонесе за надминување на политичката криза, информираат од кабинетот на шефот на државата
Во таа насока, се доава во соопштението, двајцата соговорници се согласија за потребата за спроведување на обврските од договорот од Пржино, како и неопходните реформи, кои се единствениот начин за излез од политичката криза.
„Нема повеќе место за алиби, изговори и избегнување на обврските од договорот од Пржино. Политичките чинители треба да покажат конструктивност, одговорност и висока свест за интересите на граѓаните и на државата“, рече претседателот Иванов на средбата.
Двајцата соговорници размениле мислења и за состојбата поврзана со мигрантската и бегалската криза, како и влијанието на актуелната политичка состојба врз севкупните капацитети на државата во справување со неа.
Хајндл во вторник и среда престојува во Скопје, каде ќе оствари средби со лидерите на четирите најголеми политички партии и потписници на Пржинскиот договор. Тој овојпат се сретна со македонскиот претседател, што не беше случај во текот на неговите претходни посетит.
Инбаку, ова е трета посета на Хајндл на земјава за неполн месец, откако беше назначен на оваа функција од страна на шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмајер.
Хајндл во интервју за Deutsche Welle пред една недела порача дека ЕУ и Германија сакаат да и помогнат на земјата да излезе од кризата, но патот таа ќе мора да го изоди сама, што значи дека политичките актери мора заеднички да работат и во преден план да ги стават државните интереси.