„Анима Мунди“ со повик за протест во недела: Градот хуман пак ќе никне!

Од:

Градот хуман пак ќе никне ! Под ова мото во недела, Здружението за заштита на животни “Анима Мунди“ најавува протест против насилството вз животните, убивањето на кучињата во стационар Вардариште. Протестот ќе започне пред фонтаната „Воин на коњ“ на Плоштад.

-Немаме намера повеќе да молчиме, толерираме, даваме простор за дискусии и преговори со надлежните додека на улиците се случува хајка, а во стационарот масакр! Информираме дека овој месец во бројни наврати реагираме до институциите, град Скопје, градоначалникот Трајановски, Агенција за храна и ветеринарство, како и повеќе општини кои целосно ги изигнорираа нашите реакции и барања. Изживувањето врз бездомните животни не само што не запира, туку се реализира засилено – со инспектори од град Скопје и локалните општини се заловуваат се што се движи на улица, а ветеринарите ги убиваат сите животни за кои ќе им се каже да бидат убиени. За нив не постои ни морал ниту грам професионална етика.

На хајките не се изложени само животните туку и хуманите граѓани кои застануваат во одбрана на своите маалски миленици – испектори неовластено ги снимаат со камери и се закануваат со Алфи, се закануваат со казни за сите кои хранат животни. На притисок се изложени и сопственици на миленици кои на поводник ги шетаат своите миленици, кои од градските инспектори се омаловажуваат и третираат како да се основна закана за безбедноста и јавната чистота во градот, како да се граѓани од втор ред, се вели во повикот на “Анима Мунди“

-Се прави сѐ за да не биде разбрано очигледното – дека градот е одговорен за прекубројноста на кучињата на улица, т.е. дека СО МАСОВНОТО УБИВАЊЕ ОД 2007 ГОДИНА СЕ ИЗКОМПРОМИТИРАВМЕ, СЕ ПОТРОШИЈА ЕНОРМНИ ПАРИ ОД БУЏЕТОТ, А НЕ СЕ НАМАЛИ БРОЈКАТА НА БЕЗДОМНИ КУЧИЊА.

Се прави сѐ за да не биде разбрано дека токму хуманите граѓани, љубителите на животни се тие кои единствено придонесуваат да се намали нивната бројка, преку вдомување, стерилизација на маалските миленици и нивна здравствена заштита, промоција на одговорно сопствеништво, велат од Здружението и во повикот за протест бараат:

1. Итен прекин на убивањето во Вардариште, раскинување на договорор за работа со Ветеринарната болница Автокоманда, т.е. ветеринарите кои се ангажирани во Вардариште, а кои веќе еднаш се казнети за нехумано убивање во стационарот.

2. Влез на активистите за заштита на животни во Вардариште, како овластено тело за надзор на спроведувањето на Програмата на град Скопје, тело кое ќе гарантира доследно спроведување на чекорите утврдени со Програмата (залови, стерилизирај, вакцинирај, ВРАТИ) што наложува масовна стерилизација и враќање на кучињата од заловните територии – а не масовно убивање на животните!

3. Отпуштање/замена на дел од вработените во стацинар Вардариште, т.е. лицето Димче М. и Виолета Н. кои се препознатливи по својата нехуманост кон кучињата, одвраќање на граѓаните кои сакаат да вдомат куче!

4. Прекин на самоволното заловување на веќе стерилизирани, третирани и обележани кучиња, што е практика која во моментов се применува, со која се прекршува утврдената Програма и се спроведува некоја интерна програма, договорена меѓу четири ѕида.

5. Забрана за заловување на мали кутриња во Вардариште, кои никако не можат да бидат стерилизирани и не се предмет на Програмата. Посочуваме дека носејќи ги во Вардариште, 90% од заловените мали кучиња умираат од изгладнетост, епидемии, негрижа, смрзнување, умираат во агонија и бавна смрт!

6. Овозможување да граѓаните си ги повлекуваат локалните (колективно чувани) миленици од стационарот и нивно враќање на територијата на која живеат, а не само подигање на кучиња за кои ќе се одлучат да ги вдомат.

7. Инспекторите на Град Скопје да запрат со изживување врз сопствениците на миленици како и оние кои се грижат кон животните, зошто чувањето животно е хумано, а не противзаконито дело.

8.Најстроги казни на оние инспектори кои ќе ги надминат законските овластувања.

9. Бараме Агенцијата за храна и ветеринарство да одговори на сите наши пријави и конечно изрече соодветни казни за секое институционално или индивидуално прекршување на Законот за заштита и благосостојба на животните.

Би можело да ве интересира

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

„Анима Мунди“ ги повикува пратениците да ги поддржат измените на Законот за заштита и безбедност на животните

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он

ВИДЕО: Продолжува суровоста во Македонија-куче фрлено од седми кат

Предраг Петровиќ

Анима Мунди: Итно да запре убивањето кучиња во ЈП Лана, Струмица и да се овозможи непречен влез на активистите

„Кучиња се дават во крв додека некој се радува на победа“: Помеѓу Охрид и Струга изграден ринг за борби

A1on