Во близина на метро станицата Везничилер во центарот на Истанбул се случи бомбашки напад врз автобус со полицајци. Единаесет луѓе погинаа, а 36 се ранети, соопшти гувернерот на Истанбул, Васип Сахин.
Според неговите зборови, настрадале седум полицајци и четворица цивили, а од повредените, тројца се во критична состојба.
Голем број на возила на брза помош се упатија веднаш по нападот. Бомбата е активирана со далечински управувач, а експлозијата се случи во близина на популарните туристички дестинации. Нападот е изведен во утринските часови, кога има најмногу луѓе на улиците на Истанбул. Паркираниот автомобил бил наполнет со експлозив и бил активиран во моментот кога поминувал автобусот со полицајци. Засега, никој не ја презема одговорноста за нападот.