НДМ: Уставниот да утврди дали Иванов е слабоумен

Од:

Народно движење за Македонија ја поднесе најавената Иницијатива до Уставниот суд за поведување на постапка за постоење на околности кај претседателот Иванов кои може да влијаат на неговата спреченост да ја врши функцијата.

Во изјавата за медиумите Злате Војноски, член на Извршниот комитет на НДМ рече:

Како што е познато, пред три дена на прес конференцијата на Народно движење за Македонија најавивме дека ќе поднесеме Иницијатива до Уставниот суд за покренување на постапка за утврдување на спреченост на претседателот на Републиката да ја врши својата функција.

Денес, како што можете да видите, НДМ ја поднесе Иницијативата до Уставниот суд.

Со Иницијативата се предлага покренување на постапка за утврдување на спреченост на претседателот на Иванов да ја врши својата функција.

Претседателот на Републиката, д-р Ѓорге Иванов, со своите контрадикторни одлуки за аболицијата побудува сериозно сомнение дека постојат случаи кои влијаат врз неговата душевна состојба и слабоумноста во контекст на неговото размислување да не може да ги сфати дејствијата кои ги презема.

Поточно, Иванов не може да распознае што е интерес на државата и граѓаните со аболицијата, бидејќи носи две различни одлуки за иста работа и притоа за двете одлуки вели дека се во интерес на државата и граѓаните.

За Народно движење за Македонија како партија која во основа се бори за одбрана на националните и државните интереси, како и за македонскиот народ, ваквото однесување на Иванов предизвикува силна вознемиреност, бидејќи може да доведе до немерливи последици за земјата.

Заради тоа, ние во НДМ сме исправени пред предизвикот да се обратиме до Уставниот суд како надлежен орган да покрене постапка за утврдување на спреченост на претседателот на Републиката да ја врши функцијата.

Сега судиите на Уставниот суд како единствено надлежни да постапуваат по оваа иницијатива, ја имаат одговорноста да утврдат дали претседателската власт како здраворазумска, јавна и одговорна власт се врши во рамките на границите на правото.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска

Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Жарко Настоски