ВИДЕО: Судската администрација ќе штрајкува со глад ако не им се исполнат барањата

Од:

Синдикатот на УПОЗ и Здружението на судска администрација на денешниот протест пред Министерството за правда најавија дека ќе почнат со секојдневни протести доколку не им се исполни барањето за зголемување на додатоците на платата за 35 проценти, онака како што е предвидено за судиите, јавните обвинители и јавнообвинителските службеници.

Според претседателот на УПОЗ, Пеце Грујоски, вработените во судовите ширум Македонија се подготвени да штрајкуваат со глад доколку нивните барања не се исполнат.

– Министре, дојдовме да ве потсетеиме дека дојдовме да бараме решение. Поминаа шест дена откако им понудивме спогодба која нуди решение и за синдикатот и за власта, меѓутоа се определија да не игнорираат до денес и како резултат на револтот дојде иницијативата од скопските судови да дојдеме тука и уште еднаш да не слушнат. Револтот се повеќе се зголемува кај нашите членови, особено после барањето на списоци кој штрајкува кој не штрајкува, тоа е своевиден притисок да се скрши отпорот, рече Грујоски.

Штрајкот и барањата ги поддржува и народниот правобранител. УПОЗ и Здружението на судска администрација велат дека за нив е неприфатлив изговорот дека нема пари и дека ќе го прекинат штрајкот само кога ќе се исполнат нивните барања за зголемување на додатоците на плата.

Претседателот на УПОЗ истакна дека имаат решение за сите работи и побараа средба со министерот за правда. Според него, ова е шанса конечно да има промени.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата да бара во сопствените редови

Хисени: Признавањето вина од Мемети и од Георгиев – горчлив доказ за понатамошното намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Во Обвинителството и судството парите од буџетот за нови вработувања ги пренаменувале за плати велат од Финасии

Синдикат на УПОЗ: На повидок суспендирање на колективните договори