Трговијата на големо и мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, објекти за сместување и сервис со храна, преработувачка индустрија и стручни, научни и технички дејности се секторите во кои се создаваат нови претпријатија.
Според објавените податоци на Државниот завод за статистика во 2014 година се отворени нови 7.161 претпријатиј и во однос на претходната година има зголемување за 5,2 проценти.
Податоците за структурата на новосоздадените претпријатија, според правната форма, покажуваат дека најголемо учество имаат претпријатијата категоризирани во групата друштва со ограничена одговорност и акционерски друштва кои сочинуваат 70,7 отсто од вкупниот број претпријатија.
Подтоците покажуваат дека од новосоздадените претпријтија во периодот 2009-2013 година продолжиле да функционираат и во 2014 година 43,2 проценти. Најголема стапка на преживување се забележува кај новосоздадените претпријатија кои припаѓаат на секторите Дејности на здравствена и социјална заштита (79,5%) и Стручни, научни и технички дејности (56,9%).
Во 2014 година биле активни 37,6 отсто од новосоздадените претпријатија во 2010 година, 48,1 отсто од новосоздадените во 2011 година, 52,6 отсто од новосоздадените во 2012 и 79,4 отсто во 2013. Најголема стапка на преживување во 2010, 2011 и 2013 година имале новосоздадените претпријатија од секторот Дејности на здравствена и социјална заштита, додека кај новосоздадените претпријатија во 2012 тоа се претпријатијата од секторот Финансиски дејности и дејности на осигурување (64.20).
Во 2012 година згаснати се 9.993 претпријатија, односно 14,3 отсто од вкупниот број на активни претпријатија. Најголем дел припаѓаат на секторот Трговија на големо и трговија на мало и поправка на моторни возила и мотоцикли.