Поради постојаната и намерна опструкција на работата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) од страна на дел од потписниците на договорот од Пржино како и од страна на Претседателот на Република Македонија Иванов и дел од институциите, Коалицијата за промени и правда (ФРОДЕМ, ДС, МОРО РП и ДЕМОС) бара од пратениците во Собранието на Република Македонија на првата наредна седница да усвојат измени и дополненија на членот 22 од Законот за формирање на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.
Се работи за потребата од пролонгирање на поставениот рок од 18 месеци во кој СЈО може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражна постапка (од денот на превземањето на предметите и материјалите во негова надлежнот), за онолку време колку што е одземено поради сите досегашни свесни и намерни опструкции на неговата работа.
Одбивањето на иницијативата за пролонгирање на постојниот рок ќе значи дополнителна опструкција на работата на СЈО како и потврда на нечесната намера за спас на личностите осомничени за сторени криминални дејанија по разни основи. Секоја опструкција на работа на СЈО значи оневозмоување на правдата.
Исто така очекуваме од страна надлежниот суд доследно да ги почитува и практикува начелата на акузаторност и легалитет на постапките и да не се обидува намерно да ги одолговлекува покренатите кривични постапки. Пред законите сите се еднакви.