СДСМ: Лажниот патриотизам и спиновите на Груевски се параван за прикривање на криминалните активности

Од:

„Се потврди дека лажниот патриотизам на Никола Груевски, како и секојдневните спинови и манипулации на медиумските курири се параван за прикривање на неговите криминални активности.
 
Додека граѓаните живеат со по 40 денари на ден, додека над 500 илјади граѓани тонат во сиромаштија, Никола Груевски мисли само како да ги одбрани својот криминал.
 
Никола Груевски и медиумските курири, платени со пари на граѓаните, водат смислени хајки против борците за демократија, невладините организации и граѓаните што секојдневно протестираат а молчат за „секташите“ од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, Ѓорге Иванов, Антонио Милошовски, Ратко Димитровски…
 
Идентично е и со потврдениот лажен патриотизам на Никола Груевски.
 
Лицемерниот Груевски води лажни кампањи за наводен патриотизам а граѓаните, преку Вистината за Македонија дознаа дека токму Никола Груевски се пазарел за промена на уставното име, Република Македонија.
 
Со неговиот братучед, Сашо Мијалков, биле вистински преговарачи за промена на името на државата со нивниот бизнис партнер од Грција, Манолис. Дури разговарале и за идентитетските прашања.
 

 
Ова е потврдено и од документите што ги објави „Викиликс“. Во 2008-ма година Никола Груевски, во својство на премиер, договорал промена на уставното име Република Македонија.
 
И самиот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, како министер за надворешни работи, во писмо упатено до Генералниот секратер на ООН, Бан Ки Мун, призна дека го прифатиле предлогот за промена на името во „Република Македонија (Скопје)“ но тој предлог го одбила Грција.
 
Ниту една манипулација, ниту една лага, не може да му помогне на Никола Груевски.
 
Граѓаните ја знаат вистината, го знаат неговиот лажен патриотизам. Правдата ќе се врати, следува одговороност за целокупниот криминал“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Битиќи: Зошто Владата ја занемарува правичноста во зголемувањето на платите?

А1он

(ВИДЕО) Раководството на СДС, е најлошиот избор составен од децата на Заев

(ВИДЕО) Николовски: ДПМНЕ со партиски членови сака контрола над прислушувањето

СДСМ: Јаловите напади на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за нивната нервоза и страв од промените

Горан Наумовски

Филипче: Александар Димитријевиќ е нов генерален секретар, избравме луѓе кои имаат многу знаење и искуство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ одби да се реконструира улицата „Ленинова“ во Скопје