ВМРО-ДПМНЕ: Груевски и Тодоров се појавуваат во јавноста бидејќи имаат што да покажат, најават и реализираат

Од:

„Никола Груевски и Никола Тодоров се појавуваат во јавноста бидејќи имаат што да покажат, да презентираат, најават и реализираат.

Така работи ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните тоа го знаат. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ја има поддршката од граѓаните поради која СДСМ има уплав од избори.

СДСМ од друга страна не се ни појавува во јавноста, туку се крие зад празните соопштенија полни со неточни информации, огромни лаги и неверојатни измислици.

Во ретките прилики кога ќе се појави во јавноста, СДСМ лаже и фабрикува измислици од фабриките на Чауш и Заев и се надева дека сто пати кажаните лаги на СДСМ некогаш ќе станат вистина. Не стануваат.

Вистина се само делата кои во здравството во изминатите 10 години се огромни. Тоа го знаат и во СДСМ, бидејќи лесно е да се спореди: во време на СДСМ единствени инвестиции во здравството беа јувелирницата на Владо Димов и бизнисите со стентови на високи функционери на СДСМ.

Не само што се неработници туку СДСМ имаат проблем и кога друг ќе ја сработи работата која тие не знаеле и не сакале да ја сработат. Па така, наместо да ги поздрави мерките од кои бенефит имаат сите граѓани на Република Македонија, повторно се гуши во црните кампањи и чадот од фабриките за афери на Чауш.

И тогаш кога се работи за здравјето и животот на граѓаните, СДСМ не гледа подалеку од сопствениот нос. Затоа СДСМ не е опција за граѓаните на Република Македонија.

Кога СДСМ ќе собере храброст да се соочи со граѓаните, казната ќе биде жестока. 10-ти пат по ред“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ за Груевски и Тодоров.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски