(ВИДЕО) Кежаровски: Новинар од МТВ ме убедуваше дека уредникот му наложил погрешно да известува

Од:

-Наместо демократизација медиумите се политизирани и заглавени се меѓу политичките и бизнис интереси. Во медиумите не работат новинари, туку извршители и постои говор на омраза. Многу медиуми се стопија во канџите на власта.

-Во контекст на правилното известување ќе посочам уште еден пример околу мојот случај-за протестот што беше по изрекувањето на пресудата, на МТВ одеше информација дека има десетина луѓе, а снимките доволно зборуваат колку и што имаше. Имав кус телефонски разговор со авторот на прилогот на МТВ и ме убедуваше дека така му било наложено.

Но, што е застрашувачко? Подоцна во објавените телефонски разговори излезе дека токму тој новинар кој го правеше прилогот е всушност новинар од тефтерчето на Јанкулоска. Можеме ли да очекуваме објективно информирање за бегалската криза, ако постојат вакви новинари, рече Кежаровски на јавната дискусија „Медиумите и бегалската криза: Кој и зошто ги заборава заборавените во Република Македонија“ во организација на ФООМ.

МТВ да се повикува на информација добиена од портал каде нема ниту уредник, ниту главен уредник, медиум со 500 новинари да се повикува на информација од портал кој не се знае кој стои зад него е страшно, а пренесува информација дека некој бегалец се запалил. МТВ има средства да оди и на лице место да провери дали навистина има таков случај, рече Кежаровски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март