Собраниска комисија за Предлогот за импичмент на Иванов

Од:

Во Собранието денеска треба да биде формирана Комисија за оценување на основаноста на Предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија.

Основањето на Комисијата е на дневен ред на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.

Според претседателот Зоран Илиоски, Комисијата за основаноста на предлогот за импичмент на претседателот ќе брои 11 члена, и ќе го отсликува составот во Парламентот. Мнозинството ќе има претседател и пет члена, и опозицијата пет члена. За седум дена Комисијата треба да достави еден вид извештај до претседателот на Парламентот за тоа дали е основан или не е Предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија. По ова претседателот на Парламентот треба да закаже седница, на која пратениците со двотретинско мнозинство ќе се изјасни за него.

Предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија е поднесен од страна на опозициските пратеници, додека ВМРО-ДПМНЕ се изјасни дека нема да го поддржи импичментот.

Доколку предлогот биде изгласан во Собранието, за него треба да се произнесе и Уставниот суд.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска

Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Жарко Настоски