ВИДЕО: „Месо од бронза“ – песна против „Скопје 2014“

Од:

Група музичари под името „Јавна совест“, направија песна и спот, под наслов „Месо од бронза“, во која пеат против контроверзниот проект „Скопје 2014“.

Се работи за искусни музичари кои повеќе години се на македонската сцена. Тие се надеваат дека преку овој критички, поетско-музички израз ќе допринесат за повисоко ниво на совесност, интегритет, слобода на мислата, единство, еднаквост и преземање одговорност за своите дела и постапки.

Членовите на оваа група песната и спотот ги направиле како израз на протест.

– Протестираме против системот на владеење базиран на страв, против смислената пропаганда стихијно интегрирана во општеството последниве години од владеачката партија за поделба во македонското ткиво, на било кое ткиво, сите луѓе без разлика на вера и етнос се исти.

Против двојните аршини, против перфидната политика на обезбедување гласачи само од одредени таргет групи, против манипулација и малтертирање на членството, против полтронството, против изживувањето на медиумите со слободоумието, против срамното новинарство и економско пропагандните вести, а отсуството на правичност, одговорност и конструктивни дебати на провладините телевизии.

Против немањето на правна држава во Европа во 21 век, против немање на основна поделба на власт, отсутството на извршна, парламентарна, судска власт како одделни независни единки, кои треба да се столбови и главен контролен механизам на државата.

Против отсуството на едното од основните демократски начела дека партијата е едно, а државните институциите се друго и припаѓаат на сите граѓани а не на членстово на некој партија, која сака нека е.

Против немањето пари за леб а купувањето на чоколади, против задолжувањето и немањето здрава економија поради проекти како што се Скопје 2014 и слични како и голем процент на измислени инвестиции.

Против мегаломанскиот криминал, мафија и перење на милиони и милиони, против сомнителни апсења, убиства, хајки и пракса на владеење која до било кога досега од независноста, сега најмногу наликува на комунистичкото или автократско владение.

Против тензиите, тежината од лошата политика и нарушените човечки односи, против епифеноменално и неопишливо срамната и глупава одлука за аболирање, велат музичарите.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски