Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески имаше средба со дел од спортистите и челниците од македонската Џиу Џица федерација.
На средбата, како што се наведуа во соопштението на АМС било разговарано за Меѓународниот џиу џица турнир „Алексинац опен 2016“ во Србија каде македонските клубови освоија рекорден број на медал, како и за се поголемите резултати остварени на меѓународните турнири и јадранската лига.
Вкупно 19 натпреваривачи учествуваа во трката за трофеи на турнирот „Алексинац опен 2016“, а 12 од нив беа успешни. Во Агенцијата за млади и спорт беа примени сите 12 медалисти од клубовите „Дан кју“, „Осенсеи“ и „Такеда“.
Од џиу џица клубот „Такеда“ добитници на златни медали се Моника Младеновска и Тања Младеновска, Кенанџан Мејзини на сребрен и Бојана Симиќ на бронзен медал. Од џиу џица клубот „Осенсеи“ бронзен медал освои Филип Денков.
Добитници на златни медали од џиу џица клубот „Дан кју“ се Андреј Димитров и Ангела Трајковска, на сребрени Зоран Колевски, Давид Дамовски и Александар Трајковски и на бронзени Даниел Костадиновски и Дарко Стојановски.