Времето утре – умерено облачно, попладне локален дожд

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде умерено облачно, попладне со локален дожд и со појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од западен и југозападен правец кој ќе достигнува брзина од над 70 км/час особено во западните делови од земјава.

Утринската температура ќе се движи од шест до 11, а дневната од 18 до 25 степени.

Во Скопје, слично време, со утринска температура до седум и со дневна до 23 степени.

И во среда во попладневните часови ќе има локален дожд.  Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од четири до 12, а дневната од 16 до 24 степени.

Во четврток во поголемиот дел од земјава ќе преовладува стабилно и потопло време, а во источните делови можна е изолирана појава на краткотраен дожд.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски