Во организација на Фондацијата Франческа Фалконе, денес во чест на жртвите на Џовани Фалконе, Франческа Морвиљо, Паоло Борселино и сите полициски службеници и жртви на мафијата се одржува комеморација во Палермо, известува Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.
Во фокусот на комеморацијата е борбата против организираниот криминал и истата има за цел да собере реномирани италијански и странски академици и експерти, вклучително и највисоки државни функционери.
На покана на Фондацијата Франческа Фалконе, на комеморацијата присуствува Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, придружувана со двајца јавни обвинители од ова Јавно обвинителство, главниот истражител и нејзиниот шеф на кабинет.