Шилегов: Имотот ми е од легално пријавени приходи

Од:

Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов денеска одговарајќи на новинарски прашања по барањето од пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Андон Чибишев да каже како се стекнал со два стана, рече дека има онолку имот колку што му дозволиле неговите легално пријавени приходи во институциите.

Шилегов на прес-конференција рече дека е горд на адвокатската кариера, функционира на пазарот 22 години и оти може на кој било медиум да го елаборира целокупниот имот, со начинот на којшто го стекнал.

– И од тоа ниту имам намера, ниту сакам, ниту бегам, рече Шилегов, истакнувајќи дека во Македонија законите треба да важат за сите подеднакво.

На прес-конференцијата повторно праша како претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски се стекнал со 118.629 евра на своите денарски и девизни сметки за една година.

Прашан дали има некакви разговори за решавање на политичката криза и што смета за иницијативата на ДУИ  да се обнови политичкиот дијалог портпаrолот на СДСМ рече дека додека не се поништи аболицијата не може да стане збор за политички дијалог.

– И ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ многу брзо во Собранието ќе мораат да се произнесат во однос на прашањето што остана нерешено, а што е сериозен предизивикувач на политичката криза, тоа е аболицијата. Во оваа држава, правото или ќе владее за сите, или нема да владее за никого. Додека не се поништи криминалната аболиција на Горѓе Иванов не може да стане збор за политички дијалог, рече Шилегов.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он