Синдикат на УПОЗ: Радикализација на штрајкот, ако не се најде решение

Од:

Синдикатот на УПОЗ соопшти дека се уште нема решение за штрајкот во судовите, бидејќи преговорите кои за денеска ги побарал Синдикатот од надлежните во судската власт не се одржале.

Синдикатот на УПОЗ во петокот упатил барање и ги повикал надлежните од судската власт на заеднички преговори со цел да изнајдат решение бидејќи, како што велат, само тоа е начинот за надминување на овој конфликт предизвикан од штрајкот.

Синдикатот на УПОЗ во денешното соопштение изразува благодарност на поддршката која ја добива од адвокатите, судиите и претседателите на судовите, како и целокупната судска власт која го поддржува барањето на Синдикатот на УПОЗ и смета дека барањето  е оправдано.

Од Синдикатот велат дека се изненадени од инертноста и незаинтересираноста од надлежните кои очигледно го игнорираат штрајкот и не преземаат никакви дејствија за решавање на проблемот. – Штрајкот во судовите после четвртиот ден е во една апсолутно апсурдна ситуација – во право сте, штрајкувајте сите ве поддржуваат ама нема кој да го реши проблемот, стои во соопштението од Синдикатот на УПОЗ.

Оттаму укажуваат дека се свесни за штетата од штрајкот, како и од последиците кои ги трпат граѓаните и државата од неработењето на судовите.

– За судската власт повеќе беше важно да се спои денешниот ден со викендот и утрешниот неработен ден отколку да преговора со Синдикатот и да понуди решение… Затоа, доколку до среда не покажат интерес за решавање на барањето, од четврток штрајкот ќе се радикализира, а членовите на Синдикатот ќе започнат и протести надвор од судовите, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата да бара во сопствените редови

Хисени: Признавањето вина од Мемети и од Георгиев – горчлив доказ за понатамошното намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Во Обвинителството и судството парите од буџетот за нови вработувања ги пренаменувале за плати велат од Финасии

Синдикат на УПОЗ: На повидок суспендирање на колективните договори