Во рамки на 17-та Литературна манифестација „Илинден 2016“, во Домот на култура „Илинден“ беше промовирано македонското издание на поетската книга „Сончев појас-осамени стихови“ на поетот од Бугарија, Владимир Луков.
Промотивна реч за поезијата на Луков одржа Александра Јуруковска.
Во своето обраќање пред присутните авторот, Владимир Луков рече дека ова е негова трета книга преведена на македонски јазик. Токму затоа, како што рече, тој веќе се чувствува како бугарски и македонски писател.