Протестирам до Иванов: Со аболицијата ти си патрон-светец на најголемите криминалци и тирани на македонскиот народ!

Од:

Протестирам, граѓанското движење за слобода, правда и демократизација на институциите излезе со обраќање до Ѓорге Иванов.

Еве што стои во обраќањето:

Повеќе од еден месец неуморно чекориме во секое сокаче на Македонија, и колку што не држи глас извикуваме #ПРОТЕСТИРАМ! Изложени сме на репресија, но нема таков страв кој може да го надмине нашето чувство на гадење и бес од она што ти го направи на 12 април, и што историјата ќе го запамети како укинување на правната држава, и доведување во прашање на самата државност на Македонија. За тоа, ќе мора да понесеш одговорност.

Ние, граѓанките и граѓаните кои веќе не простуваат, не преговараат и не попуштаат не дозволуваме помилување на оние кои ги загорчиле нашите животи! Притоа, знај дека во првите редови на нашите протести се токму твоите поранешни студентки и студенти, некои од најдобрите дипломци и пост-дипломци на Правниот факултет и катедрата по Политички науки, кои впрочем се и најгласни во барањето на твојата одговорност! Особено важни ни се лекциите по предметот Цивилно општество кој ти го предаваше, лекции кои за жал стигнавме ние да ти ги одржуваме тебе! Тука се и дел од твоите некогашни ментори, и дел од оние кои те поддржаа при првата кандидатура за Претседател! А, согласно анкетите на Институтот кој ти го основаше, зад нас стои мнозинството на граѓанќите и граѓаните на Републиката!

Со одлуката за помилување на десетици осомничени за корупција, местење избори, прикривање убиства и останати тешки криминали, ти одлучи да му го завртиш грбот на сопствениот народ, да ги погазиш законите, да ја саботираш државата Македонија и официјално да го легализираш владеењето на криминалците. До пред само неколку години велеше дека ти си политолог, дека твојот однос кон политичарите е како оној на криминолозите кон криминалците. Но со срамната одлука за помилување ти се стави во улога на патрон-светец, заштитник и избавител на најголемите криминалци и тирани на македонскиот народ!

Притоа, во твоите настапи и твојот речник преовладува аргументацијата дека постои некаков странски заговор за уништување на Македонија – но ако некој овозможува да се разгради суверенитетот на државата и со тоа им ја олеснува работата на сите потенцијални надворешни непријатели, тоа си ти и оние кои ги помилува.

Ѓорге Иванов! Нам ни треба демонтирање на криминалните спреги кои ја владејат Македонија, а не нивно заштитување! Ние сме на улица барајќи ја таа катарза и нов почеток! Нам ни треба Претседател кој ќе ја понесе одговорноста, кој ќе го предводи процесот на расчистување со криминалите, а не Претседател кој ќе биде измеќар на криминалците! Ако во тебе има останато барем малку храброст и морална одговорност кои ги демонстрираше како Професор, ако во тебе има останато барем трошка чувство за реалност, повлечи ја аболицијата! Повлечи ја аболицијата, за да се спаси Македонија!

Твојот изборен слоган беше „Државата пред се’ “ – единствениот државнички чин кој ти преостанува во моментов е целосно повлекување на таа одлука. Се’ останато ќе биде дополнително поткопување на државноста на Македонија, и продлабочување на твојот сопствен политички амбис.

20 мај 2016

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска

Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Жарко Настоски