Заштита на водопадите кај езерото Градче крај Кочани

Од:

Здружението на граѓани Општински спортски актив од Кочани започна со реализацијата на проектот за уредување, заштита и промоција на водопадите на Кочанска река кај езерото Градче.

Се работи за проект со кој природните вредности на водопадите, заштитата на биодиверзитетот и промоцијата на самиот локалитет ќе бидат достапни до граѓаните и пошироката јавност.

– Се работи за проект кој треба на јавноста да и го презентира ова природно богатство во подножјето на Осоговските планини на Кочанска река која се влева во езерото Градче. Веке поставивме инфо-табли со што ги презентираме пред јавноста природните вредности на локалитетот, а подготвивме и флаери и постери за промоција на водопадите. Ќе се изработи и видиковец до самиот водопад, ќе бидат поставени клупи и корпи за одпадоци. Проектот  нашето здружение го доби преку Програмата за зачувување на природата во Македонија, подржан од Швајцарската агенција за развој и соработка, која во целост ги помага активностите за зачувување на природата по сливот на Брегалничкиот регион во вкупна вредност од 590 илјади денари, ни изјави Николчо Колев, претседател на Здружението и координатор на проектот.

Според Колев проектот ќе биде заокружен со работилница на која ќе учествуваат ликовни уметници, спортисти и спортски здруженија, се со цел промовирање на убавините на водопадите и промоција  на ова излетничко и рекреативно место за користење за пешачење и рекреација, планински велосипедизам и слично.

Водопадите на Кочанска река кај езерото Градче се дел и од туристичката понуда на Кочанскиот крај во овој дел на Осоговските планини.

Би можело да ве интересира

Судење за Пулс: Обвинителството изнесе докази за пропусти во годишните програми за надзор на ДЗС во Кочани

Во Кочани нов Марш за ангелите – „Не забораваме, не отстапуваме и продолжуваме“

А1он

42-годишен маж од Кочани загина во сообраќајка

Горан Наумовски

Се презентираа видеа и слики поврзани со клубот „Пулс“ од критичната ноќ и претходно

Предраг Петровиќ

Во сообраќајка загина маж од Кочани, повредени се уште две лица

Крадец се заглави на оградата од црквата во Кочани, мораше да интервенираат полицијата, пожарникари и итната помош