Тројца познати скопјани спасија лекар од пожар

Од:

Доцна синоќа во центарот на Скопје се одвивала вистинска драма. Стан на лекар сместен во зградата на Тифани се запалил околу 1 часот по полноќ, додека сопственикот спиел несвесен дека пожар избувнал токму во неговиот стан.

Тројца скопјани, за среќа во тој момент минувале покрај зградата и забележале дека од еден од становите излегува густ чад.

Според порталот MK News, скопјаните се втрчале и некако успеале да го разбудат сопственикот на станот и да повикаат пожарникарна служба.

Според првичните информации, пожарот настанал од фен вклучен во струја.

Лекарот се наоѓа во добра здравствена состојба.

Инаку тројцата скопјани кои интервенирале се Виктор Гроздановски (поранешен директор на телевизијата Канал 5), Венцо Донев (новинар) и Александар Маниќ (екс сопственик на базенот Бисер).

Би можело да ве интересира

Се чека пристапен терен за интервенција на пожарот во Дојран

Осум пожари на отворено, три сè уште активни

ВИДЕО: Драма кај Требиње: Пожарот се доближи до селата, пожарникарите цела ноќ ги бранеа куќите

Два активни и еден изгаснат пожар до 14 часот

Активен е еден пожар, седум изгаснати

Два активни пожари на територија на државата, осум изгаснати