Да се разбереме: Груевски мора да биде оставен од своите како коцкар без лихвар, дијабет без инсулин, семејството на Мартин без правда, Тамара без дозвола за лекување, старец без лифт, хендикепирано лице без прилагодени услови, ергенска вечер без алкохол, пиштол без куршум, ризичен секс без кондом, Идризово без кофа, затвор без култниот “Тетовирање”, авион без писта, неморална девојка без спонзор, Ром без “Џелем, Џелем”, Отец без Библија, кафеана без музика, жирант без чесен збор, луле без тутун, концерт без публика, тромбоза без антикоагуланс, надеж без тага, ораница без плуг, “крал на ноќта” без утро, род без пород, кафе без цигара, „смути“ без овошје, бајадера без „бел“ крем, доенче без пелена, скалила без ограда, стреа без олук, вода без корито, утро без четкичка за заби, брачен кревет без доволно голема прекривка, корозија без железо, огледало без рамка, чело без пот, лето без голотија, зима без чорапи, куќа без двор, огниште без пепел, коса без ветер, девер без пари, банка без трезор, скара без јаглен, медиуми без владини реклами, душа без порив, кочија без коњ, Пепелашка без тиква, Трнорушка без будење, старост без брчки и хронична болест, коров без трева…
Плевелот Груевски одлучи да царува во пеколот наместо да му служи на Царството небесно.
Затоа нема морално право да се нарекува демохристијанин, ниту пак да ја добие нивната поддршка.
Уште ли ќе општиме за 5-ти јуни?
Дејан Блажески