СЈО негира дека го повикале на разговор директорот на УБК

Од:

Специјалното јавно обвинителство (СЈО)  соопшти дека директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Љупчо Андонов не е повикан на разговор во  СЈО.

– По однос на бројните прашања кои денеска беа поставени до ова Јавно обвинителство ве известуваме дека моменталниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Љупчо Андонов, не е повикан во ова Јавно обвинителство и информациите кои кружат во јавноста дека наводно бил денеска на распит, не се точни,  наведува во соопштението СЈО.

Соопштението од СЈО следува по објавени информации дека Андонов денеска наводно бил повикан на разговор во Специјалното обвинителство.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов