Уставни судии – вие сте на потег!

Од:

Имајки ја предвид суштината на граѓанското општество, во кое главната улога ја има граѓанинот, ваквиот став за Парламентарни избори на 05.јуни.2016 година, како и во услови во кои тоа го потенцираа сите останати политички партии – дека не се исполнети ни минималните услови за фер и демократски избори, освен спротивставениот став само на една политичка партија, ја претставува моменталната стварност на општественото уредување кое се заснива на се останато, само не на политичкиот плурализам.

Преку одредби од Уставот на РМ, Уставотворецот предвидел дека Собранието на РМ е претставнички орган на граѓаните.
Во услови кога останатите три најголеми политички партии во државата, од која едната е актуелна партија од власта (ДУИ), го одбија учеството на Парламентарните избори на 05-ти јуни, имајки предвид дека и редица помали политички партии го сторија тоа, се поставува прашање кој тоа ќе биде претставен во Собранието на РМ.

Но, во едно плуралистичко општество тоа секако не е можно.Излезот и решението секако се можни и едноставни.

Уставотворецот преку Уставот на РМ, го предвидел Уставниот суд на РМ како орган на Републиката кој ја штити уставноста и законитоста.

Уставниот суд има надлежност да одлучува за уставноста или законитоста на поединечен акт не само во случаи на нивна неуставност или незаконитост во текот на нивно донесување, но и за неуставноста и незаконитоста кои настанале по донесување на Актот.

Во конкретниот случај, неуставноста и незаконитоста на Одлуката за распишување на избори на 05-ти јуни 2016 година е настаната пред нејзиното донесување, но настанати се и дополнителни неуставни и незаконити категории по донесување на Актот и за тоа Уставниот суд е должен да се произнесе, дотолку повеќе што веќе е доставена Иницијатива за оценување на уставноста и законитоста.

Имено, ваквата Одлука е неуставна од причина што се нарушени темелните вредности на уставниот поредок во РМ од причина што е загрозен политичкиот плурализам во државата.

Политичкиот плурализам е загрозен од причина што една од владеачките партии, воопшто не го зема во предвид ставот на сите други политички партии, а тоа е ставот дека не се исполнети условите за фер и демократски избори и во такви околности сите тие останати политички партии јасно ставија до знаење дека нема да учествуваат на такви избори.

Тоа од своја страна, а предвидено и преку уставните одредби, претставува кршење на слободите и правата на човекот и граѓанинот што се однесуваат на политичкото дејствување.

Ваквата Одлука е незаконита од причина што се прекршуваат правилата предвидени преку одредбите од Изборниот законик во делот на избирачкото право затоа што еден огромен процент од населението во РМ нема да има прилика да го изрази својот глас за политичката партија која на граѓанинот му нуди најприфатлива програма за владеење, кое би претставувало директно кршење на човековите права.

Имајки ги предвид Актите кои ги носи Уставниот суд при неговото одлучување, а изразени преку Деловникот за работа на Уставниот суд, преку кој е предвидено директно постапување на Уставниот суд во услови на прекршување на правилата на политичко здружување и дејствување, со истото е надополнета незаконитоста на Одлуката за избори, што претставува дополнителен елемент за постапување на Уставниот суд, дотолку повеќе што ваквата одредба директно е посочена во Деловникот за работа на Уставниот суд.

Во тој смисол, а имајки предвид дека Уставниот суд недвосмислено има право да одлучува по ова прашање, имајки предвид дека се работи за решавање на прашање кое може да предизвика негативни последици по севкупното уредување во РМ, Уставниот суд има не само овластувања, но и обврска да донесе решение за запирање на извршување на Одлуката за спроведување на Парламентарни избори закажани за ден 05-ти јуни 2016 година, како и запирање од дејствија по однос на оваа Одлука, па на таа основа да донесе решение во најкраток можен рок.

Уставни судии – Вие сте на потег!

Адвокат – М-р. Стојанче Геровски

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска