(ВИДЕО) Протестирам затоа што сестра ми е една од тие 600 илјади млади кои се отселија од државата

Од:

Во моментов живееме во држава од која 600 илјади наши граѓани се имаат отселено, 600 илјади гневни затоа што не им е овозможено повеќе, таленти кои веројатно границите на Македонија се премали да го издржат нивниот огромен талент и се отидени далеку од тука, рече еден од демонстрантите.

– Тоа се наши луѓе, луѓе кои ги сакаме, кои можеа да направат многу за оваа држава, но овие копилиња кои ја водат оваа држава не враќаат назад наместо да идеме напред со младите кои имаат многу што да и дадат на оваа земја, рече демонстрантот.

Тој истакна дека речиси половина од младите не се гледаат себе во Македонија за пет до десет години. Пред демонстрантите кажа дека и неговата сестра, која е на студии во Америка како почестен студент поради одличниот просек кој го имала на студиите, хемичар по струка, е една од тие кои не ја гледаат својата иднина во Македонија.

– Протестирам затоа што сестра ми е една од тие 600 илјади млади кои се отселија од државата, протестирам затоа што сите ние заслужуваме еднакви шанси и можности за добро образование, работа и подобар живот. Протестирам затоа што партиска книшка нема да биде дел од моето СВ и нема да биде услов за да се вработам. Протестирам затоа што сакам да живеам без да помислам дека таму далеку, после граница е подобро, протестирам за тука да ми биде убаво, рече демонстрантот.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада

А1он

Трендафилов: Сакаат да го конфискуваат Работничкиот дом за да го уништат синдикалното движење

А1он

Првомајскиот протест ќе биде со барања упатени до новата влада

А1он

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

Потпишување анекс на Колективниот договор веднаш по формирањето на новата влада, бараат здравствените работници

Орце Костов

Протест за измени на законот за заедничко старателство по развод