Скандал на Клиниката за урологија. Нова Македонија ја објави застрашувачката информација дека хирург. Наместо да извади бубрег на пациентка од Куманово ѝ пресекол циста со дел од ткиво на панкреас.
Опашката на панкреасот со циста, како што објасниле лекарите на новинарот, на хирургот му личела на бубрег.
Директорот на Клиниката за урологија го потврди настанот. Тој вели дека пациентката не е во животозагрозувачка состојба, а нова операција со која ќе ѝ го извадат бубрегот е закажана за крајот на неделава. Колегиумот на клиниката ќе одлучува за одговорноста на хирургот, кој инаку е доктор на науки.
Инаку, панкреасот како орган не го лекуваат уролози, туку дигестивни хирурзи, пишува весникот.
Пациентката е известена за случајот.
Од Министерството за здравство за Нова Македонија, изјавиле дека ќе го испитаат случајот.