Шведскиот интернационалец од тимот на Пари Сен Жермен, Златан Ибрахимовиќ, по трет пат го освои признанието најдобар фудбалер во француската Лига 1.
Ибрахимовиќ освои најмногу од гласовите на неговите колеги. Тој до наградата дојде со 35-те голови оваа сезона во која беше предводник на ПСЖ до четвртата последователна шампионска титула.
Тренерот на ПСЖ Лоран Блан втор пат по ред е прогласен за најдобар во својата професија, додека признанието најдобар млад играч е за 18-годишниот Рене Осман Дембеле од Рен.