Груевски: Македонија доби поддршка од Чешка за почеток на преговорите за членство во ЕУ

Од:

Чешка генерално го поддржува проширувањето на ЕУ и на сите досегашни настани на кои се зборувало за Македонија во контекст на проширувањето таа била на наша страна, изјави претседателот на македонската Влада Никола Груевски по денешната средба со чешкиот колега Петр Нечас.

Чешката поддршка се однесува и на планот на Европската комисија која неодамна кажа дека во декември Македонија ќе добие датум преговорите да започнат без одлагање. И бездруго во билатералните односи Чешка не ословува како Република Македонија и договорите ги потпишуваме под нашето уставно име, така што средбата беше успешна, истакна Груевски.

Тој додаде дека со чешкиот премиер разговарале и за други прашања, констатирале дека расте економскатс размена меѓу Македонија и Чешка, особено делот што се извезува од Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

Мерц: „Не може проблемите на 21 век да се решаваат со буџет од 20 век“

Денеска истекува флексибилната примена на ЕЕС: Се очекуваат нови гужви на границите со ЕУ

Македонците се послаби од европјаните – во ЕУ 16,3% од луѓето се дебели, во Македонија 15,4 %

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: Да нема забуна – Европа е нападната

Мaѓар: Будимпешта не поддржува забрзан прием на ниту една земја во ЕУ