Непосредно откако првиот човек на „Ферари“ потврди дека оваа компанија ќе произведува „ЛаФерари Спајдер“, на сајтот Mobile.dе се појави оглас во кој продавач за се уште непостојниот автомобил побара дури 5,1 милиони евра.
Иако, се уште, има многу малку информациите за автомобилот, продавачот тврди дека „ЛаФерари Спајдер“ ќе биде достапен шест месеци откако купувачот ќе го нарача. Иако огласот треба да се земе со голема резерва, со оглед дека Серџо Маркионе дури на почетокот на мај ги откри плановите за неговото производство и датумот на премиерата се уште не е познат, во него се наведува дека станува збор за еден од 70-те примероци.
„Ферари“ секако ќе го ограничи тиражот на „Спадјерот“, како што тоа го направи и со стандардниот „ЛаФерари“ што беше изработен во серија од 499 единици, а останува да се види дали ќе ги има само 70 парчиња, како што се сугерира во огласот. Исто така, официјалната цена на „Спајдерот“ се уште не е соопштена, но ако знаеме дека „ЛаФерари“ се продаваше за околу 1,3 милиона евра, бараната сума од 5,1 милиони евра се чини преголема.
Од друга страна, се очекува дека „ЛаФерари Спајдер“, како и стандардната верзија, погоен ќе добива од хибридниот систем што располага со 963 кс и 900 Нм максимален вртежен момент.